Охрид, 25. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Читател на OhridPress ни испрати неколку фотографии со интересен коментар и повик до сите да останат во домовите.
– Морав да направам основни набавки од маркет за домот. Како да заборавивме сите во каква убавина живееме, па еве неколку фотографии да се потсетиме, пишува тој.
Ни испрати и неколку фотографии од плажата „Немо“, каде вели дека нема никој, а езерото го исфрла целото ѓубре кое неодговорните ги фрлаат во него.
– Со автомобил до „Немо“, 5 минути уживање и право дома. Да седиме дома и да ги почитуваме правилата за доброто на сите, порачува тој. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 69