март 26, 2020

Скопје, 26. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Микро, малите и средните компани од секторите угостителство, туризам и товарен транспорт од денес може да аплицираат за бескаматните кредити од 3.000 до 30.000 евра, што ги најави Владата.

Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Македонија. За микро фирмите со максимум 10 вработени се предвидени од 3.000 до 5.000 евра, за малите со 10 – 50 вработени од 10.000 до 15.000 евра, а за средните компании со 50 – 250 вработени од 15.000 до 30.000 евра. Кредитите се без камата, рокот на отплата е 24 месеци со грејс период од 6 месеци.

Согласно владините препораки за заштита од коронавирусот, поднесувањето на потребната документација, се спроведува електронски, на е-адресата: [email protected]

– Во оваа прва фаза, директно ќе ги кредитираме најпогодените сектори – угостителство, туризам и товарниот транспорт. Целта на овие кредити е да им помогне на најпогодените сектори да ги премостат иницијалните ликвидносни потреби во овој период. Развојната банка ќе го следи развојот на настаните одблизу и ќе настојува и понатаму да биде поддршка на микро, малите и средни претпријатија во земјата, особено во овој период и периодот на закрепнување кој следи, рече на прес конференцијата директорот на Развојната банка, Кире Наумов. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука