Ватикан, 26. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице кое живее во близина на папата Франциск во Ватикан е тестирано позитивно за новиот коронавирус и сега е хоспитализирано во болница во Рим, објави римскиот весник Месаџеро.
Ватикан официјално не ги коментираше тие информации, но добро информирани извори тврдат дека папата е сместен во гостинската вила Света Марта, заедно со уште 75 луѓе.
Инфицираното лице е свештеник вработен во Државниот секретаријат на Ватикан.
Според соопштение од седиштето на Римокатоличката црква вчера, четири лица кои живеат во Ватикан досега биле тестирани позитивни за Ковид-19, но ниту еден не живее близу до папата. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива
Прочитано: 23