март 26, 2020

Скопје/Охрид, 26. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Вкупно 66 лица, од кои едно во Охрид, во текот на изминатите 24 часа ја прекршиле забраната за движење на територија на Македонија.

Од нив едно лице е над 67 годишна возраст од Тетово, а три лица се под 18 години од кои две од Свети Николе и едно од Охрид. Останатите 62 лица ја прекршиле забраната за движење по 21:00 часот. Од нив приведени се 37 лица, а четири се опоменати. За останатите се обработуваат податоците и против нив ќе бидат изречени соодветни мерки.

Од почетокот на воведувањето на забраната за движење до денеска, Министерството за внатрешни работи регистрирало прекршување на мерката од страна на 301 лице. Против сите лица ќе бидат поднесени кривични пријави по член 206. За децата под 14 годишна возраст кои ја прекршиле забраната за движење во наведениот период, кривично ќе одговараат нивните родители. (Крај)

извор: kurir.mk фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука