Охрид, 26. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од ЈП „Охридски комуналец“ апелираат до граѓаните да не ги фрлаат заштитните маски и ракавици по јавните површини.
– Деновиве нашите служби задолжени за одржување на јавната и услужна хигиена се соочуваат со проблем кој претставува опасност по нивното здравје и по сите случајни минувачи. По јавните површини (покрај контејнери, тротоари, коловози и зелени површини) наоѓаме расфрлани заштитни маски и ракавици. Затоа упатуваме апел заштитните маски и ракавици уредно спакувани и затворени да се депонираат исклучиво во садовите за депонирање отпад. Доколку сами не се заштитиме и не покажеме поголема свест и одговорност, никој не може да не заштити, додаваат од ЈП „Охридски комуналец“. (Крај)
извор: ЈП „Охридски комуналец“ фото: ЈП „Охридски комуналец“