Охрид, 27. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Здружението на пензионери Охрид и Дебрца времено ги одлага сите активности, согласно настанатата состојба со корона вирусот.
– Извршниот одбор на ЗП Охрид и Дебрца во проширен состав по телефонски пат ја одржа деветтата вонредна седница на која едногласно ги прифати одлуката на Владата на Македонија со мерките и препораките на СЗПМ за доследно почитување за заштита и изолација од корона вирусот, Ковид 19, информираат од Здружението.
Пензионерите одлучиле на неопределено да се одложат фолклорните ревии и спортските натпревари, се додека не се создадат услови за нивно одржување. Со оглед на настанатите состојби со корона ирусот Извршниот одбор донесе едногласно одлука, временски да се одложи и организирањето на еднодневни излети на пензионерите. Клубот на пензионерите за дневен престој на пензионерите периодов е затворен. Единствено ќе работи благајната за запишување и уплата на огревно дрво, информираат од Здружението. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива