Скопје, 27. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Техничкиот преглед и регистрацијата на моторните возила е обврска која нема да се пролонгира.
Секое возило на патот треба да биде регистрирано и да биде означено со пропишани регистарски таблици како истото би можело да биде дел од сообраќајот.
– Обврската за регистрацијата на моторните возила и технички нема да може да се пролонгира бидејќи тоа не е одлука само на министерството за внатрешни работи туку и на осигурителните компании. Таков случај би можело да направи проблем и на трети лица, рече на прес конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Согласно уредба на Владата со законска сила се продолжува важноста на личните документи додека, се суспензира законот за протести и јавни собири, се продолжуваат роковите за полагање на возачките испити, а додека трае вонредната состојба се продолжува и важноста на престојот на странските граѓани кои имаат дозвола за престој во Македонија. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива