март 29, 2020

Скопје/Охрид, 29. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе од јасно е дека кај моменталната локална власт нема ни смелост, а нема ни решение за безредието и беззаконието, порачуваат од ОО на Граѓанско демократската унија (ГДУ) од Охрид.

– И ова не е јасно од сега откако и самиот градоначалник го потврдува тоа, впрочем тоа е јасно уште од март 2019 година кога имаше решение за рушење. Жално е тоа што првиот човек во градот Охрид т.е „таткото на градот“, ќе каже дека му се „врзани рацете“ и дека се плаши. Барем признава дека не може, а и не сака да преземе нешто. Повеќе од јасно е дека партиската агенда треба да се пополни и да се бараат списоци од 20+ и 30+ за добиените работни места. Тоа е таа агенда за собирање на гласови и останување на власт и профитирање од истата. Зошто никој не се занимава со угостителите кои не исплатиле плата за февруари? Зошто никој не се занимава со таканаречените позајмници од угостителите каде им се дава сега минимална плата и истата ќе им биде одбиена во екот на летото? Зошто никој не ги штити загрозените семејства? Дали некој ќе се позанимава со обичните граѓани? Или само ќе се бараат субвенции за големците и тајкуните кои на сметка на истите граѓани го направиле тој капитал? Срамно е и лицемерно ДПМНЕ да зборува за УНЕСКО и за дивоградби, кога истите тие од 2013 до 2017 имаа апсолутна власт, но сепак дозволија безредие и беззаконие. Кога ќе се спомене УНЕСКО треба да се затворат по штабовите и да не излегуваат додека не заврши таа тема, а не да глумат загрижени, бидејќи делата го покажуваат спротивното, реагираат од партијата.

Додаваат дека тука мораат да го спомнат и првиот човек на ДПМНЕ во Охрид, кој зборува за партиски вработувања, а заборавил дека беше директор и многу добро знаеме како вработувал партиски послушници.

– Но очигледно тој мисли дека дека тоа поминало и сѐ се заборавило. Заборавил како беше натрупана администрацијата?! За негова жал, ние не можеме да заборавиме! Заборавил како се вработуваа преку шумското илјадници луѓе и распоредувани по партиска агенда? Лицемерието е чудо, а пак дебелата фотелја е добар предизвик. И за крај од името на ГДУ и од нашите сограѓани, ве замолуваме барем во овај кризен момент да го изоставите вашето лицемерие и да се воздржите од партиската агенда. Време е нешто паметно да направите и да му помогнете на овој мачен народ, кој го крадете 30 години наизменично, стои во дописот до медумите од ОО на Граѓанско Демократската Унија од Охрид. (Крај)

извор: ГДУ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука