Скопје/Струга, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа на скопскиот аеродром слета авион со 180 македонски граѓани кои пристигнаа од Бон.
Со 8 посебно подготвени автобуси, темелно дезинфицирани и со заштита на возачите и со обезбедени закуска и вода за патниците, согласно протоколите за државни карантини, граѓаните беа упатени во хотелот „Дрим“ во Струга, каде ќе поминат 14 дена во изолација.
Според последните податоци, во Република Македонија се регистрирани 18 нови случаи на Коронавирус. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 денеска изнесува 259 лица, од кои 5 во Струга и 3 во Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 64