март 30, 2020

Скопје, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Никој не треба да биде стигматизиран, ниту заболените, ниту луѓето коишто се во карантин. Тоа се здрави луѓе кои мора да поминат 14 дена во самоизолација. Се работи за механизам којшто нѐ штити сите нас и мора да го поддржиме, порачува министерот за здравство Венко Филипче.

Кризите се време кога човечноста е ставена на тест. Ниту заболените од коронавирусот, ниту нашите сограѓани сместени во карантин не треба да бидат стигматизирани. Не смееме да дозволиме. Ова е можност да се развиеме како општество, да ги надминеме стигмата и поделбите, да се обединиме во хуманоста и да покажеме дека можеме подобро, потенцира Филипче. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука