Скопје, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Личните документи, односно личните карти и возачките дозволи ќе може да се доставуваат на домашна адреса, најави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Тој за денес најави дека ќе биде променет правилникот на МВР при што во ситуации кога е неопходно ќе се оствари можност личните карти и возачките дозволи да можат да се доставуваат од страна на полициските службеници на домашните адреси. Ова нема да важи и за пасошите за кои е потребно да се остави отпечаток на прст при подигање на документот.
Согласно одлуките на координативното тело во рамки на МВР, Чулев информира дека се издадени конкретни упатства до Одделот за управни работи да се придржуваат кон правилата и соодветно држење растојание кога граѓаните поднесуваат документи и извршуваат технички процедури при сликањето и издавањето на личните документи. Се преземаат дадени се конкретни насоки за дезинфекција на уредите каде се остава отпечаток од прст. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива