News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
март 30, 2020

Охрид, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна, информираат од Секторот.

– Изминатово деноноќие, во периодот од 07:00 часот на 29-ти до 07:00 часот на 30-ти март 2020 година, 20 лица од кои 2 деца до 18 години, не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, (Охрид-2, Струга-9, Кичево-8 и Дебар-1). Малолетните лица се повикани и предупредени, а останатите се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Меѓу приведените во Струга, две лица се албански државјани и еден жител на Струга, извршител на тешка кражба. Во изминатото деноноќие, нема регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби и други казнени дела и не се регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Не се регистрирани нови лица со решение за изолација и извршени се 80 контроли на евидентираните лица со решение за изолација (Охрид-38, Струга-8, Кичево-5, Дебар-29). Истовремено, евидентирани се 51 нови лица во самоизолација (сите од Струга) и спроведени се 373 контроли врз лицата во самоизолација (Охрид-119, Струга-72, Кичево-75 и Дебар-107). Полициските службеници извршија 58 контроли на угостителски објекти, информираат од СВР Охрид.

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба, Во рамките на предвидените мерки во оперативниот план, полициските службеници ги реализираат мото-патролите низ градските средини и приградските населби. Притоа, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди. Непречено се одвива процесот на извлекување на лицата кои во изминативе 14 дена беа во самоизолација а денеска, од Дебар ќе биде извршен спровод на две лица. На терен, без проблем се одвиваат активностите кон лицата што се ставени под мерки за самоизолација, здравствен надзор и домашна изолација. Во општините Дебар и Центар Жупа успешно се спроведуваат мерките за контрола при влез на патнички и други моторни возила, како и активностите за дотурот на храна, лекови, средства за лична хигиена и други потреби за граѓаните во двете општини. Сите правни лица кои вршат дотур треба да се најават во Кризниот штаб на фиксниот телефон 046/831-051 по што, нивните возила со полициска придружба ќе бидат спроведени до соодветните трговски објекти.

Потсетуваме дека влезот е дозволен само на лица кои се жители на општините, а истовремено е оневозможен, односно строго е забранет излезот на сите граѓани затекнати на подрачјето на двете општини. Упатуваме апел до граѓаните, строго да ја почитуваат одлука на Владата за забрана на движењето од 21:00 до 05:00 часот секој ден, како и дисциплинирано да се придржуваат до сите останати препорачани мерки и насоки во врска со спречувањето на ширењето на корона вирусот (COVID-19), а сите правни и физички лица строго да се придржуваат до насоките на полициските службеници. Граѓаните, на бесплатниот телефонски број 08 0000 201 или на 192, можат да ги пријавуваат сите случаи на лица кои ги прекршуваат одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација. Сите оние кои ги прекршуваат дадените препораки, ќе бидат санкционирани согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука