Охрид, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Основното јавно обвинителство од Охрид, до надлежниот суд во Охрид, достави предлог за издавање казнен налог против едно лице за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, предвидено и казниво во чл. 206 ст. 1 од Кривичниот законик.
Обвинетата на 18-ти март, допатувала од Швајцарија, земја со високо ниво на ризик. Иако, на граничниот премин „Меѓународен Аеродром“ – Скопје потпишала изјава, постапила спротивно на наредбата на Министерот за здравство и Одлуката на Владата на Република Македонија за мерки за спречување на внесување и ширење на корона ворусот-COVID-19. Наместо да спроведе задолжителна самоизолација во времетраење од 14 дена на адресата дадена во изјавата, излегла од своето престојувалиште и се упатила во непознат правец. На 20-ти март, при контрола извршена од страна на полициски службеници, обвинетата не била пронајдена во престојувалиштето со што го сторила кривичното дело што и се става на товар.
Обвинителството, му предложи на судот на обвинетата да и биде изречена кривична санкција, парична казна во висина од 100 дневни глоби во вредност од 20 евра за една дневна глоба, односно вкупно 2.000 евра и да ја задолжи со трошоците на постапката. (Крај)
извор: skopjeinfo.mk фото: ОхридПрес