Скопје, 30. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Една жена од струшкото село Лабуништа, вчера попладне починала на интерното одделение во Струга, но се’ уште се испитува дали причината е COVID-19, односно посмортем е земен брис кој е на анализа, изјави за Тв Телма заменик министерот за здравство Арменд Арслани.
Тој додал дека таа веќе лежела на интерната клиника во Струга со други здрвствени проблеми, но се појавиле проблеми со респираторните органи, по што починала.
– Две лица од Лабуништа вчера попладне се пренесени на Инфективмната клиника во Скопје. И за нив нема потврда дали биле заболени од корона вирус. Арслани информираше дека денес заседавало координативното тело за Струга и Охрид и тој присуствувал на состанокот и дополнително ќе се донесат мерки за постапување во Лабуништа каде се прави епидемиолошка анкета на оние кои биле во контакт со лицата кои покажувале симтоми на COVID-19, а и со починатата соселанка, јави Тв Телма. (Крај)
извор: Тв Телма фото: архива