Скопје, 31. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – За време на полицискиот час во викендите сопствениците ќе може да ги шетаат домашните миленици само половина час.
Владата на вчерашната седница донесе измени на уредбата за ограничено движење за да им излезе во пресрет на сопствениците на домашни миленици.
– Со овие измени и дополнувања се утврдува дека за време на викендите дозволено е шетање на милениците од 20:00 до 20:30 часот, најмногу до 100 метри оддалеченост од живеалиштето, како што предлага Ветеринарната комора на Македонија, одлучи Владата.
Оттаму напоменуваат дека и понатаму важат сите претходните ограничувања, меѓу кои и забраната за групирање на повеќе луѓе на едно место. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26