Скопје, 31. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува, објави на официјалниот профил на Facebook министерот за здравство Венко Филипче.
– Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките, додава министерот Филипче. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 35