март 31, 2020

Охрид, 31. март 2020 (ОХРИДПРЕС) – И покрај тоа што работат во исклучително тешки услови, бројни охридски компании помагаат кога е најтешко, со што уште еднаш се докажа нивната хуманост.

Охридската компанија „Сетекс“ ДООЕЛ од Охрид, која работи на пазарот веќе полни 15. години донираше 200 маски за одделението за Урологија, 100 маски за Детското одделение и 100 маски за Одделението за гинекологија во Струга.

– Да помогнеме сите колку што можеме во овие тешки моменти. Да ја покажеме нашата хуманост, велат од „Сетекс“.

Охридски „Ооо Дизајн Принт Студио“ започна сопствена изработка на заштитни везири.

Image may contain: indoor

– Во разговори со одговорните од Општата болница во Охрид, тие истакнаа дека имаат потреба од заштитни везири, па првите количини ќе бидат донирани таму со цел поголема заштита и превенција на медицинскиот персонал. Сите заинтересирани компании и лица кои имаат можност да донират со цел да им обезбедиме заштитни везири и на останатите медицински установи слободно можат да не контактираат во нашата канцеларија, порачуваат од „Ооо Дизајн Принт Студио“.

No photo description available.

Додаваат дека сите заинтересирани можат да ги контактираат и на нивната Facebook страница или на телефонскиот број 071/70 84 94. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука