Скопје, 1. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки кои докажано го забавуваат ширењето на КОВИД-19 и ни помагаат да го заштитиме јавното здравјe, напиша на официјалниот профил на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
Тој потсетува и дека за време на овие кризни ситуации не треба да заборавиме да го негуваме и менталното здравје, па се понудени и неколку совети за како би можеле најдобро да се грижиме за себе и другите во ваквите нестандардни услови. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 43