Охрид, 3. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Семејството на почината 37-годишна родилка Фатиме Бајрам од Охрид обвинува дека дежурните гинеколози од охридската болница не и’ овозможиле соодветен лекарски третман, иако неколку дена пред да почине, таа била три пати на гинеколошки преглед.
Со силни болки Бајрам била одвратена неколку пати, со изговор дека не е време за породување. Третиот ден таа почнала да крвари и имала силни болки, по што била итно испратена за Скопје, каде починала следниот ден.
Од Министерството за здравство ќе спроведат инспекциски надзор во Општата болница во Охрид, по што ќе се откријат сите околности кои довеле до немилиот настан. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 21