COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Лице од Скопје ја напуштило самоизолацијата и се шетало низ Охрид

Охрид, 5. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Веста дека лице од Скопје ја напуштило самоизолацијата и се шетало низ Охрид, беше една од најкоментираните изминативе деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Граѓаните бурно реагираат на оваа и сличните вести кои посочуваат на неодговорно однесување на поединци и потенцираат дека соодветните институции мора да вршат поригорозна контрола.

Додаваат дека мора да има и соодветни казни, кои ќе ги одвратат останатите лица кои во моментов се во изолација да престанат со ваквото однесување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука