News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
април 5, 2020

Охрид, 5. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Безбедносната состојба на подрачјето на седумте општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.

– Изминатово деноноќие, во периодот од 07:00 часот на 4-ти до 07:00 часот на 5-ти април 2020 година, четири лица (Охрид-1 и Струга-3), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на Kоронавирус COVID-19. Во истиот период, едно лице не ги почитувало одредбите за карантин и за време на траењето на мерката, ја напуштил хотелската просторија и се упатил во друга просторија. Против сите лица кои ги прекршиле законските одредби, ќе бидат поднесени кривични пријави според членот 206 од Кривичниот законик. Истовремено, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Охрид, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 48 контроли на овие лица. Во Дебар, регистрирани се 7 нови лица во самоизолација и извршени се вкупно 251 контрола на овие лица (Охрид-1, Струга-125, Кичево-1 и Дебар-124). Полициските службеници извршија 47 контроли на угостителски објекти, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука