Скопје, 5. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Никој не сака да го постави прашањето зошто во момент на криза, кога речиси сите баарат кредити и голем дел од нив ќе земат колку што им треба дури и повеќе, Македонија не може да земе толку средства колку што ни се потребни, стои во дописот до медиумите на Петар Колев, претседател на Граѓанско демократската унија (ГДУ).
– Да не забораваме дека за институциите кои даваат кредити ова е момент да ги пуштат во оптек сите средства и да имаат камати од истите. Онаа смешна приказна дека немало средства-пари во светот е само едно глупаво оправдување. Сигурно има причина за тоа, и тоа е ликвидноста на државата, почитувани сограѓани. Никој нема да даде кредит на некого што не може да го врати. Македонија е толку задолжена што ако земе уште 1,5 или 2 милијарди, нема да биде ликвидна, нема да може да ги врати тоа е вистината. Многу е лицемерно да ги слушате оние кои ја донесоа државата до вакво ниво, најсиромашна држава од поранешна Југославија и најсиромашна земја во Европа, да делат економски лекции. Засрамете се и скријте се некаде, тоа е прашање на домашно воспитување, стои во дописот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива