април 6, 2020

Охрид, 6. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Јавното претпријатие „Водовод“ од Охрид расипнички ги троши парите на граѓаните во време кога граѓаните се соочуваат со здравственaта криза и со огромна економска неизвесност, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Во време кога коронавирусот зема голем замав, ЈП „Водовод“ склучило договор со Приватна агенција за вработување ПАВ „АКСИОС-ВАРДАР“ од Гостивар во вредност од 5.000.000 денари. Иако со над 250 вработени, в.д. директорот Светозар Стефановиќ се дрзнува да троши нови 5 милиони денари за привремени вработувања во услови на економска криза и намален обем на работа. Дали градоначалникот Константин Георгиески е запознат за привремените вработувања во ЈП „Водовод“ – Охрид? Зарем градоначалникот Георгиески тоа го одобрува за време на криза? Дали Георгиески ќе ја почитува Одлуката на Влада да нема привремени вработувања поради кризата? Зошто Георгиески не побара одговорност од в.д. Директорот поставен лично од негова страна? Локалната власт наместо да работи и носи одлуки во интерес на граѓаните крајно лицемерно го користи предизборниот период и во времето кога граѓаните се соочуват со пандемијата од КОВИД-19. Очигледно е дека власта на СДСМ нема намера да се откаже од своите навики за расипничко трошење. ВМРО-ДПМНЕ апелира Власта да престане со непродуктивни трошења во кризен период. Сега е време да се покаже одговорност и да се работи совесно, помалку партиски цели, а повеќе за граѓаните, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука