Скопје, 6. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Неискористениот дел од годишниот одмор за календарската 2019 година треба да се искористи до 31-ви мај оваа година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот, одлучи Владата.
Во „Службен весник“, бр. 90/20 објавена е Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба. Уредбата ги пропишува следните важни новини:
Годишен одмор од 2019 година
– Работниците од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор, односно неискористениот годишен одмор од календарската 2019 година, имаат обврска да го искористат до 31-ви мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.
Годишен одмор од 2020 година
– Работниците од приватниот сектор опфатени од времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирус COVID-19, делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да го искористат до 30-ти јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива