април 6, 2020

Охрид, 6. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија денес донесе дополнителни ограничувања на движењето за граѓаните на територијата на целата држава, за време на работните денови и викендите, со важност од среда, 8-ми април 2020 година, од 16:00 часот и го продолжи полицискиот час на целата територија на државата.

Новите мерки предвидуваат и забрана за движење за сите граѓани за време на викендот, од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.

– Со најновите препораки со кои граѓаните ќе мора да останат во домовите, а во насока на намалување на гужвите во маркетите, аптеките и останатите сегменти кои се неопходни за нормално функционирање, Супер радио и информативните портали OhridPress и Inpress нудат бесплатен рекламен простор за сите компании од Охрид, Струга и околината кои нудат достава на намирници, лекови, готова храна и се’ останато што им е потребно на граѓаните, додека траат мерките за заштита од Коронавирусот, пропишани од страна на Владата на Република Македонија. Примерот со Куманово покажа дека се прават дополнителни гужви, па затоа сите компании кои вршат достава можат да ја искористат можноста. Помалку гужва, помалку луѓе на едно место, секако водат до побрзо пребродување на оваа состојба, информираат од Супер радио.

Сите заинтересирани можат да го контактираат маркетинг секторот на телефонот 075/45 32 94 или на e-mail адресата [email protected]. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука