COVID-19 Здравје Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Во Струга и околината 25 заболени од коронавирус и 4 починати лица

Струга, 6. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Според последните податоци, во Струга и околината потврдени се 25 случаи на зболени од коронавирус, како и четири смртни случаи од кои три во Лабуништа и еден во село Татеши, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи при посетата на Струга.

– Ја следиме одблиску оваа ситуација за да ги согледаме локалните околности во комуникација со општинскиот штаб. Дадовме насока на општините да создаваат и месни штабови во месните заедници, особено во руралните средини. Во секое село да има штаб во кој ќе има и здравствен работник и претседател на месната заедница и локалниот полицаец за да може на најлокално ниво да ги следиме состојбите и да може да одлучуваме, рече Османи, кој при посетата на Струга беше придружуван од заменик министерот за здравство, директорот на Институтот за јавно здравје и претседателот на Комисијата за заразни болести, а попладнево треба да заминат и во посета на Лабуништа.

Тој информира за новите рестриктивни мерки донесени денеска од Владата и Кризниот штаб за ограничување на движењето, односно за полициски час од 16:00 часот па до 05:00 часот наредниот ден, а за викендите целосна 24 часовна забрана за движење. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука