април 7, 2020

Скопје, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата на последната седница донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба.

Според Уредбата, на осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплатуван придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот COVID-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување.

Оваа Уредба се однесува и на државјаните на Република Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука