COVID-19 Економија Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Продолжуваат гужвите пред банките, постои сериозна опасност за здравјето на граѓаните

Охрид, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Се’ погласни се коментарите и апелите на социјалните мрежи од граѓаните кои бараат итно да се стави ред и да се намалат гужвите пред банките, затоа што постои сериозна опасност по здравјето на граѓаните.

– Седат еден до друг, се расправаат, а забележани се и помали инциденти. Мора да се стави ред на ова неодговорно однесување. Да се најде начин да им се исплатат средствата, да се отворат повеќе филијали или било кој друг за да се реши овој проблем. Тврдиме дека постарите се најзагрозени, а вака „ги фрламе во оган“ секој ден, апелираат граѓаните.

Состојбата е дотолку полоша, што веќе од утре стартуваат новите мерки и дополнителното скратување на времето во кое граѓаните ќе можат да излегуваат од домовите. На многу од постарите граѓани средствата им се потребни и за храна и лекови, што проблемот го прави уште поголем. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука