COVID-19 Здравје Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Повторно се врши дезинфекција на јавните површини во дел од населените места во општина Дебрца

Белчишта, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Согласно препораките за превенција од ширењето на Коронавирусот Ковид-19, екипите на ЈКП „Дебрца“ од Белчишта, со помош на ЈП „Охридски Комуналец“ од Охрид повторно извршија дезинфекција на јавните површини во дел од населените места во општина Дебрца.

Станува збор за селата Велмеј, Лешани, Злести, Белчишта, Ботун, Климештани, Мешеишта, Волино, Требеништа, Горенци и Оровник.

– Со средство за дезинфекција беа третирани главните сообраќајници и плоштадите, односно јавни површини по кои се одвива редовен превоз на патници и каде што има поголема фрекфенција на движење. Во четврток вакви превентивни активности ќе се преземат и во другите населени места, во кои поради врнежите од снег првиот пат не беа преземени. Мобилните тимови на општината и денес беа на терен и делеа социјални пакети во повеќе села – Белчишта, Врбјани, Лактиње, Оздолени. Продолжуваме и во наредните денови, објави на неговиот официјален профил на Facebook градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески. (Крај)

извор: ФБ Зоран Ногачески фото: ФБ Зоран Ногачески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука