Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Угостителите нема да ги користат мерките на Владата

Скопје, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Угостителите од сите градови во земјата преку Туристичко-угостителската комора на Македонија, денеска најавија дека нема да ги користат мерките на Владата.

На денешната прес-конференција тие порачаа дека мерките само ќе им создадат дополнителни долгови, а нема да им помогнат, и прашуваат зошто месец март не е вклучен за добивање помош со оглед на тоа дека не работеле половина месец.

– Добивме несоодветни, нејасни и нецелосни мерки и уредби, кои и покрај апелите не беше разбрано дека малите субјекти немаат капацитети да ги спроведат, а воедно ниту се доволни. По долго исчекување и детална анализа на сите најавени мерки, а во правец на зачувување на дејноста, како субјекти од дејноста угостителство, преземаме чекори за намалување на загубите и трошоците кои секојдневно се генерираат. Еден од тие чекори е и во состојба кога институциите не ни помогнаа да се грижиме за лицата вработени во овој сектор, сега ќе и дозволиме директно за нив да им покаже грижа државата. На овој начин институциите можат директно да им помогнат без притоа дополнително да не задолжуваат со кредити за придонеси и другите натрупани трошоци, изјави Мартин Ангеловски од Групацијата за угостителство.

Ангеловски кажа дека досега помошта која им е понудена од Владата е во вид на заем и тоа недоволен само за нето плата, а очекувале директна, безусловна и правична помош од страна на институциите.

Во вториот пакет економски мерки Владата им понуди на фирмите погодени од кризата со КОВИД-19, субвенции за минамална плата за вработени за месеците април и мај. (Крај)

извор: СДК фото: Сојуз на стопански комори

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука