Скопје/Охрид, 7. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Јавното обвинителство досега поднело кривични пријави против повеќе од 500 лица за непочитување на мерките за спречување или сузбивање на болеста Ковид-19.
Само во Скопје се пријавени 178 лица кои не ги почитувале пропишаните мерки. Пријави се поднесени и за граѓани на Охрид, Струга, Дебар, Прилеп, Битола, Куманово, Струмица, Гостивар, Тетово, Гевгелија, Кавадарци, Делчево, Радовиш, Берово, Свети Николе, Штип, Кичево и Кочани.
Збирната информација за поднесените пријави, објавена на веб страницата на Јавното обвинителство на Република Македонија, се однесува на периодот од 17-ти март и секојдневно се ажурира. (Крај)
извор: МИА/Утрински весник фото: Плус инфо
Прочитано: 66