април 8, 2020

Охрид, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во оваа секојдневна, тешка борба на секој поединец, особено на здравствените работници со коронавирусот, надеж и мотив даваат бројни хумани луѓе, здруженија, фирми, компании кои на различни начини ги помагаат здравствените установи, информираат од охридскиот Центар за јавно здравје.

– Изразуваме благодарност до Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн, Австралија за донацијата на лична заштитна опрема (маски, ракавици) за здравствените работници во Центар за јавно здравје Охрид, порачуваат од Центарот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука