април 8, 2020

Скопје, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Дозволи за движење за време на полицискиот час ќе добијат и граѓаните кои се грижат за стари, болни и немоќни лица. 

Барањата треба да се испратат до министерството за информатичко општество и администрација на електронската адреса [email protected] .

– До министерството по електронси пат треба да се достават лични датоци за барателот на дозволата, односно име и презиме, матичен број и телефонски број, како и медицинска потврда што ја докажува медицинската состојба на лицата за кои тие се грижат. Дозволата се издава исто така електронски и секој ќе ја добие на својот мејл, појасни министерот Дамјан Манчевски на прес-конференција.

Министерството за информатичко општество и администрација досега издало 27 илјади дозволи за движење во тек на воведениот полициски час поради вонредната состојба со коронакризата за различна категории претставници на институции или други категорија граѓани. Министерството е задолжено да издава дозволи за движење во тек на полицискиот час за органи на државната власт, кризни штабови, медиуми, погребални претпријатија и пекари до пет вработени. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука