News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...
април 8, 2020

Охрид, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Безбедносната состојба на подрачјето на седум општини што ги покрива СВР Охрид е стабилна.

– Изминатово деноноќие, во периодот од 07:00 часот на 7-ми до 07:00 часот на 8-ми април 2020 година, целосно се почитувала забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Во истиот период, не се регистрирани собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди. На 7-ми април 2020 година во 23:30 часот, од киоск лоциран во дебарското село Могорче, извршена е тешка кражба и одземени се седум штеки цигари. Истите, при извршен увид се пронајдени во близина на објектот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. Освен ова, не се регистрирани други кривични дела. Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14-дневна самоизолација. Во Струга, евидентирано е едно ново лице со решение за изолација и извршени се 26 контроли на лицата кои веќе се во изолација ( Охрид-14, Струга-9 и Кичево-3). Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација, сите во Дебар и извршени се 237 контроли врз овие лица (Охрид-3, Струга-170, Кичево-3 и Дебар-61). На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 627 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 326, Струга- 301) кои се сместени во пет сместувачки објекти. Од нив, три лица се нови сместени во карантин во изминативе 24 часа (Охрид-2, Струга-1). Полициските службеници извршија 70 контроли на угостителски објекти, информираат од Секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука