април 8, 2020

Охрид, 8. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Врз основа на мерките на Владата за спречување на ширењето на COVID-19 и Одлуката за забрана на движење на граѓаните на целата територија на државата, од ЈП „Охридски комуналец“ ги известуваат граѓаните за динамиката на подигање комунален отпад.

– На ден 11.04.2020 година(сабота) ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид нема да врши подигање на комунален отпад од домаќинства од следните улици: „Јане Сандански“, „Даме Груев“, „Прва Македонска Ударна Бригада“, „Марко Цепенков“, „Андрија Јованоски“, „Момчило Јорданоски“, „Питу Гули“, „28-ми април“ и „130“. Истиот ден ќе вршиме само подигање на комуналниот отпад депониран во контејнерите поставени во централното градско подрачје, информираат од претпријатието.

Подигањето на комуналниот отпад од горенаведените улици ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид ќе го изврши во среда, на 15.04.2020 година. (Крај)

извор: ЈП „Охридски комуналец“ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука