Скопје/Охрид, 9. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Доколку на граѓаните им се укаже потреба од итна медицинска помош во време додека трае полицискиот час, може да се упатат кон здравствена установа, без да се јавуваат во полиција или да бараат дозвола, информира дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска.
– Го имавме предвид ова, бидејќи во животот се случуваат и непредвидени работи, граѓаните немаат потреба да бараат на броевите 192, или да бараат дополнителна дозвола, туку тие треба да се упатат до најблиската болница и доколку бидат сопрени од теренските контроли доволно е да ја кажат точната локација на здравствена установа каде се упатуваат. Тие ќе бидат евидентирани и пропуштени, а полицијата ќе изврши дополнителна контрола дали лицето навистина се упатило на наведената локација, вели Петровска.
Доколку ваквата постапка биде злоупотребена, ќе следуваат санкции. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес