Белчишта, 9 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Кризниот штаб на Општина Дебрца за превенција и справување со Корона вирусот Ковид-19, во согласност со мерките и препораките на Владата на Република Македонија за ограничено движење, со известување до сите маркети и економски оператори во општината.
– Се упатува известување до сите маркети и економски оператори на територијата на Општина Дебрца кои се регистрирани за он-лајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на Полицискиот час во текот на викендот. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на општина Дебрца на електронските адреси: [email protected] и [email protected] најдоцна до петок, 10.04.2020 година, до 10:00 часот. Ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема, информираат од општина Дебрца. (Крај)
извор: Општина Дебрца фото: архива