Скопје, 9. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Владата на последната седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. Во работните денови, од понделник до петок, за оваа категорија граѓани забраната за движење нема да важи во периодот од 19:00 до 20:00 часот, а во деновите на викендот од 11:00 до 13:00 часот.
Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16