Охрид, 9. април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Согласно препораките за превенција од COVID-19 и оперативните мерки на Кризниот штаб на Oпштина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска започнаа реализација на интензивни активности за дезинфекција на влезовите, ходничните и скалишните простории на станбените згради на подрачјето на Oпштина Охрид.
Во рамки на денешната акција, утрово се изврши дезинфекција на зградите во населбата „Билјанини извори“.
Активностите за дезинфекција ќе продолжат интезивно и во останатите станбени комплекси на територијата на општината. (Крај)
извор: Опптина Охрид фото: Општина Охрид
Прочитано: 59