Скопје, 9 април 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие се потврдени 46 нови случаи на Ковид-19, со што бројката на дијагностицирани случаи во државата е 663 лица, објави на неговиот официјален профил на Facebook министерот за здравство венко Филипче.
– Новопотврдените случаи се во градовите: Скопје – 12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 2, Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1. Во изминатото деноноќие направени се 341 тест. Досега во земјата се направени 6.571 тестирања на Ковид-19. Починатата родилка од Куманово, за која што вчера попладне информираше Министерството за здравство, ќе биде евидентирана во денешниот извештај на ИЈЗ, објави министерот Филипче. (Крај)
извор: ФБ Венко Филипче фото: ФБ Венко Филипче
Прочитано: 64