мај 1, 2020

Охрид, 1. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денес се одбележува 1-ви Мај – Меѓународниот ден на трудот, кој се прославува во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот. Во Република Македонија до 2006 година тој се празнуваше на 1 и 2 мај, но од 2007 година се празнува само на 1 мај. Традиционално, македонските граѓани на овој ден одат на излети во природа, но годинава, поради мерките за спречување на ширењето на коронавирусот COVID-19 се препорачува останување во домовите. Граѓаните на 1, 2 и 3 мај ќе можат да се движат во периодот од 05:00 до 14:00 часот, по што ќе биде на сила полицискиот час.

OBELEŽAVA SE 1. MAJ - MEĐUNARODNI PRAZNIK RADA - Kosova Info

Денот на трудот се празнува на првиот ден од мај во знак на почит кон жртвите од штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. Целта на првомајските демонстрации во Чикаго била да се издејствува воведување осумчасовен работен ден, но полицијата употребила сила и имало жртви.

Dio smo istog svijeta i ono što donosi dobro jednome, donosi dobro ...

Организаторите на штрајкот биле изведени на суд, а четворица од нив биле погубени. Три години по настаните во Чикаго, на првиот Конгрес на Втората интернационала што се одржала во Париз во 1889 година, е решено секоја година на 1 мај, во сеќавање на чикашките работници да се одржуваат масовни демонстрации. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука