Охрид, 1. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од евидентирањето на првиот позитивен случај на COVID-19, охридскиот Центар за јавно здравје (ЦЈЗ) е активно вклучен во активности насочени кон превенција, заштита на населението, спречување на ширењето на коронавирусот и справување со последиците од ширењето на COVID-19 на територијата на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
Во интерес на правовремено и точно информирање на населението кое живее на ова подрачје, а со цел избегнување на ширење на непроверени информации и шпекулации поврзани со епидемијата од коронавирусот, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци и информации за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа.
– Епидемијата од коронавирусот се’ уште трае. Потребна е претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Апелираме за почитување на мерките и препораките од надлежните установи и правилна употреба на заштитна маска. Грижете се за своето и здравјето на другите. ОСТАНЕТЕ ДОМА – апелираат од Центар за јавно здравје Охрид. (Крај)
извор: ЦЈЗ Охрид фото: ОхридПрес/ЦЈЗ Охрид