Скопје, 3. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравје на Република Македонија.
По градови:
– Скопје 32
– Куманово 38
– Прилеп 16
– Тетово 2
– Велес 7
Во текот на изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се 5 нови случаи на COVID-19 и тоа во: Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1. Досега во земјата се направени вкупно 17.246 тестирања на коронавирус.
Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се се’ уште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години, хоспитализиран на 28 април, а денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69 години, која починала на пат кон болницата во Охрид. Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство