мај 4, 2020

Охрид, 4. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот Константин Георгиески да одговори што се случува со ребалансот на буџетот на општина Охрид, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Имено, откако ладнокрвно ги одби предлозите од ВМРО-ДПМНЕ и најави експресен ребаланс, и еден месец по завршувањето на кварталот немаме предлог за ребаланс. Општинската администрација веќе го подготвила ребалансот, но Георгиески тактизира. Оттука јавно го прашуваме: Дали ја послушал партиската наредба да не прави ребаланс со единствена цел да издава потврди за обезбедени средства во буџет, со цел да може непречено во пресрет на избори да објавува тендери? Дали не сака да се откаже од личните привилегии за репрезентации и патувања кои се многукратно повисоки од неговата плата? Дали признава дека тој е дојден од друга планета, затоа што помина втората половина од месец април, а не го достави ребалансот на општинскиот буџет на усвојување до Советот на општина Охрид? На Локалната власт и градоначалникот Георгиески воопшто не им се приоритет потребите на граѓаните и заштитата на нивното здравје. Ниту се одговорни, ниту совесни, ниту спроведуваат соодветни мерки за надминување на кризната состојба. Го повикуваме конечно да почне да работи или да си поднесе оставка! Од страшливец, градоначалник не бидува – додаваат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука