Охрид, 4. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 9
– Куманово 9
– Прилеп 8
– Тетово 13
– Охрид 1
– Гостивар 5
– Кочани 1
– Крива Паланка 1
Во текот на изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1. Досега се направени вкупно 17.359 тестирања на COVID-19.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство