Скопје, 5. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи е констатирано дека по однос на забраната за движење на ниво на целата држава 25 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.
Во државен карантин се спроведени 13 лица. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 21