Струга, 5. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 41-годишниот Љ.Ч. од Струга.
– При контрола врз лицата кои потпишале изјава за самоизолација, извршена на 22-ри април 2020 година во 11:00 часот, полициските службеници констатирале дека пријавениот не се наоѓа во неговиот дом, со што ги прекршил одредбите за задолжителна 14-дневна самоизолација, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 19