мај 6, 2020

Скопје, 6. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Враќање на животот во нормала ќе се одвива постепено и внимателно, дециден е министерот за здравство Венко Филипче.
За да се помогне во перидот кој следи тој вели дека задолжително ќе мора да почитуваме три правила: често миење и дезинфицирање раце, одржување најмалку 2 метра растојание и носење заштитна опрема (маска, марама, шал). На последната прес конференција Филипче рече дека во следниот период овие три правила ќе бидат како ново Свето тројство. – Ја добивме првата битка со коронавирусот. Само ако сме сите совесни и одговорни ќе успееме да ја држиме ситуацијата под контрола, вели министерот. 

Бројката на новодијагностицицирани пациенти се намалува, а секојденвно се бележат оздравени пациенти. Комисијата за заразни болести работи на протоколите кои ќе бидат готови до крајот на неделава за постепено враќање на животот во нормала. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука