мај 8, 2020

Охрид, 8. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на изминатото деноноќие, 07/08.05.2020 година, за време на полицискиот час и спроведувањето на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, според статистичките податоци на МВР, на подрачјето на СВР Охрид, три лица не ја почитувале забраната за движење (Струга-1, Кичево-2).

Тие се приведени и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Во истиот период, не се пријавени и регистрирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

На подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници извршиле 44 контроли врз лица во изолација и 37 контрола врз лицата во самоизолација (Охрид-10, Струга-18, Кичево-8, Дебар-1). Во истиот период, полициските службеници извршиле 95 контроли на угостителски и други објекти. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука