Струга/Охрид, 9. мај 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денешниот пазарен ден во Струга, во комбинација со сончевиот и топол ден, го наполнаа градот.
Она што е очигледно од фотографиите кои се објавуваат на социјалните мрежи е дека мерките за заштита од коронавирусот COVID-19 во центарот на градот воопшто не се почитуваат.
– Ако беше литијата проблем, што е ова. Има 200-300 луѓе во пазарот и уште барем 500-600 надвор. Никој не носи заштита, сите шетаат еден до друг, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.
Во јавноста деновиве се крена голема прашина по литијата која се одржа во соседна Струга, а поради која беше побарана и одговорност од организаторите, а партијата СДСМ побара и оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива